Десетте најдобри драми на Шекспир на сите времиња
Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) – англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.
Во 2016 година, на 400 годишнината од неговата смрт, неговите читатели и обожаватели во родната Британија, избрале 10 драми кои се според нив, негови најдобри и за кои сме сигурни дека сте прочитале една или можеби неколку од нив.
Одиме во редослед од 10 до 1 место:
10. „Трговецот од Венеција“
Кога е напишана? – 1596 година.
За што се работи?
Драмата добива антисемитски призвук кога еден венецијански благородник не исплаќа заем на еден еврејски трговец.
Зошто е толку добра?
Вознемирувачка и комплексна, таа е еден облик на протест и Шекспир ги коментира проблематичните односи на христијанска Европа со еврејското население (секако Порција, лик во драмата, е една од најголемите женски ликови на Бардот).
9. „Ромео и Јулија“
Кога е напишана?
1594 година
За што се работи?
Децата на двајца смртни непријатели се заљубуваат еден во друг.
Зошто е толку добра?
Тaа е најљубовната приказна, образец за секоја приказна за трагична љубов која е потоа напишана. Сите други љубовни приказни се само нејзини бледи копии.
8. „Бура“
Кога е напишана?
1611 година
За што се работи?
Волшебникот и самохран татко Просперо им се одмаздува на своите непријатели – во својот познат магичен стил.
Зошто е толку добра?
Полна со магија и спектакуларна, длабоко слоевита, оваа последна драма на Шекспир, исто така, изгледа многу спектакуларно кога е поставена на сцена.
7. „Дванаесетта ноќ“
Кога е напишана?
1599 година
За што се работи?
Овде Шекспир станал вистински мајстор на зборот: се работи за љубовна романса меѓу два близнаци и еден бродолом.
Зошто е толку добра?
Зрела комедија за идентитетот и изгубената љубов што ги препишува, ги наплатува и ги надминува сите негови претходни комедии.
6. „Отело“
Кога е напишана?
1604 година
За што се работи?
Ги пресликува расните односи во Венеција од шеснаесеттиот век кои и не се баш толку сјајни.
Зошто е толку добра?
Најмоќната драма за расизмот некогаш напишана, но згора на тоа и застрашувачка разработка на разорната моќ на љубомората.
5. „Кралот Лир“
Кога е напишана?
1605 година
За што се работи?
Татко на три ќерки, предвреме се повлекува од власт и станува малку налудничав.
Зошто е толку добра?
Последната од големите трагедии на Шекспир, оваа дива, едноставна претстава на еден тиранин кој го губи умот во староста е совршена визија за пропаста на еден човек.
4.Многу врева за ништо
Кога е напишана?
1598 година
За што се работи?
Прекрасни весели доживувања во душата на Сицилија.
Зошто е толку добра?
Полна со смешки и мали шеги, таа е едно од најголемите задоволства за читателите на Шекспир. Таа ни кажува колку е многу смешно кога луѓето прават голема врева за ништо. Ве тера да се смеете на глас.
3. Сон на летната ноќ
Кога е напишанa?
1595 година
За што се работи?
Неколку будалести самовили се обидуваат да ги решат романтичните проблеми на едни смртници изгубени во една шума.
Зошто е толку добра?
Луѓето ја сакаат оваа разиграна волшебна комедија – таа е најголемото задоволство за публиката и совршена е како летна претстава.
2. Макбет
Кога е напишана?
1605 година
За што се работи?
Шкотски лорд е спремен да изврши брутално убиство под влијание на неговата сопруга.
Зошто е толку добра?
Кратка, возбудлива и обвиена со натприродното, оваа мрачна трагедија за последиците од лошата страст за моќ на шкотскиот лорд е веројатно најмодерната и најдостапна претстава на Шекспир.
1.Хамлет
Кога е напишана?
1600 година
За што се работи?
Еден млад човек размислува за смислата на животот кога е на дното на депресијата.
Зошто е толку добра? Што може да се каже за „Хамлет“?
Репутацијата на оваа драма е толку голема, тешко е да се најдат зборови, но овој еп за еден млад човек кој размислува за сопствената смрт, додека се обидува да се одмазди за својот татко, секако е голем кандидат за најголемото дело некогаш напишано на англиски јазик.
Прочитајте кои се 20 забавни факти за пролетта на кои многумина им е омилено годишно време.

Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.