Избор поезија – Рабиндранат Тагоре

Што и да правите во недела, покрај одморот, таа е совршен ден за читање поезија. Секој ден е како создаден за тоа кога ние би се прашувале. За овој неделен период од денот издовивме поезија од Рабиндранат Тагоре. Уживајте во читањето!

Животе на мојот живот

Животе на мојот живот! Јас секогаш ќе се трудам да ја зачувам
чистотата на своето тело, бидејќи твојот животворен допир стигнува
до сите пори на моето тело.

Јас секогаш ќе се трудам да ги зачувам своите мисли од секаква лага,
бидејќи знам дека ти си онаа вистина чија светлина гори во мене
таму да ја насладувам љубовта, бидејќи знам дека ти престојуваш во
неговото најскришно катче.
И мојата цел ќе биде: во секое дело да те пројавувам тебе, зашто
знам дека ти ќе ме поткрепиш.

Дозволи ми за миг да седнам до тебе

Дозволи ми за миг да седнам до тебе. Работата ќе си ја завршам подоцна.
Кога сум лишен од набљудувањето на твоето лице, моето слабо
срце не знае за спокојство, ни за починка, и мојата работа станува
бескрајна мака во бескрајното море на маките.
Летото сега ми ги донесе своите воздишки и шепотења, и пчелите
пеат во расцутените гранки.
Дојде време мрино да седнам со тебе в лице и да му пеам
пофалби на животот среде тоа совршено молчење и изобилно спокојство.

Мојата песна ги отфрли сите украси

Мојата песна ги отфрли сите украси. Таа нема празнична облека
на накити. Тие го беа замрачиле нашиот сојуз. Тие ни пречеа, тие го
заглушуваа твојот шепот.
Авантурата на поетот засрамено се расејува пред тебе.
О поет-учителе, јас седам до твоите нозе.
Животот нека ми биде прост и праведен, како кавалот од трска
што го исполнуваш со звуци.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?