Skip to content

Таму е поемата

  • by

Таму е поемата
каде устите радознали шепотат
припиени во глуво доба
при свеќник, прав насобран

Таму е поемата
во средина на собата
чудни силуети слушаат
како таа протекува

Таму е поемата
обмислена в’ секунд
внесува почит во нив
сетне и завидуваат

Таму е поемата
од која морници пролизгуваат
како глатка ,,глазговача’’
како бакнеж недовршен

Таму е поемата
во секој од нас
во срцето и порите
во душата при храбрите

Напишете коментар