Поучна приказна за истрајноста

Еден ученик кој во последно време се соочувал со многу неуспеси, собрал храброст и го прашал својот мудар учител:
„Учителу, што би ме советувал ако паднам?“ Прашал тој тивко. Учителот се замислил, а потоа одговорил остро:
„Станувај!“ Викнал тој.
Ученикот кимнал со главата, но по неколку секунди повторно, со истиот тон прашал:
„А, наредниот пат?“
Учителот го погледнал, овојпат се насмевнал и рекол повторно цврсто и остро:
„Повторно станувај!“
„И колку тоа може да трае – сите тие паѓања и станувања?“ Прашал ученикот, веќе  исфрустриран од одговорите.
„Паѓаш и стануваш додека си жив затоа што тие што паднале и не станале се мртви.“ Му одговорил учителот.
Ученикот занемел. Немал што да врати на тоа. Го завршил школувањето и секогаш кога ќе се соочел со неуспех или пад, зборовите на учителот му одѕвонувале в глава:
„Станувај! Тие што паднале и не станале се мртви.“ И тој секогаш повторно се обидувал, секогаш кога паѓал, одново и одново повторно станувал.

Прочитајте ја и приказната за собата со балони.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели