Езоп за деца: „Лисицата и грозјето“ – Поучна басна

Еден ден Лисицата здогледа зрело грозје како како виси крај едно големо и високо дрво. Гроздовите изгледаа прекрасно, беа толку зрели и сочни што лисицата мораше неколку пати да подголтне пред да се доближи и да ги скине. Но, на нејзина несреќа гроздовите беа потпрени на една од повисоките гранки на дрвото, сепак Лисицата се реши да се обиде. Скокна еднаш – не успеа. Скокна двапати – не успеа. Кога и по третиот пат Лисицата остана со празни раце, седна под дрвото и со гадење ги гледаше гроздовите. „Леле, па колку сум глупава и јас,” рече таа. „Трчам и се напрегам за една рака кисело грозје.“  Ги погледа уште малку убавите овошки и воздивна, а потоа стана и така мрморејќи и кудејќи го прекрасното грозје што ѝ беше надвор од дофат, си замина дома.

Прочитајте ја и приказната за „Зајакот и Желката“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели