Сто му громови

сто му громови, ум развеселија
развеселија гора заспана
заспана да му била судбата
судбата му заигра
заигра на молњи, ветришта
вертишта вејат, пркосат
пркосат на дрвјана отаде
отаде маг биљето носи
носи коси распушетни
распуштени се’ беа здале лисјата
лисјата почва мокра покриле
покриле траги магови луталици
луталици му беа и мислите
мислите за свет без бетон
бетон да им споменик постане
па да ми останат само
гори зелени
полјани цветовни
шуми густи
со потоци брзалки
таму каде плуќата развигор полни
онаму каде очите радосни
џарат во светот светол

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели