Следниве десет гатанки за малите умни глави се продолжение на првиот дел гатанки за малите умни глави кои ги објавивме претходно. Прочитајте ги и обидете се да погодите за кој збор се работи. Одлична ментална гимнастика за сите генерации!
Гатанка бр.1
Куќичка во шумичка на една ногичка.
Гатанка бр.2
Везден преде, а преѓа нема.
Гатанка бр.3
Само лонче во поле врие.
Гатанка бр.4
Едно нешто колку го бркам, па не можам да го стасам.
Гатанка бр.5
Полн ан коњи, насреде еден улав, само ги клоца.
Гатанка бр.6
Седум браќа лете растат, зиме се смалуваат.
Зелена паница, црвено вино.
Гатанка бр.8
Мало грненце, слатко варивце.
Гатанка бр.9
Главата му е сонце кон кое везден гледа, вратот ќе го шине кој ли ќе го скине.
Гатанка бр.10
Нема број тој рој од златни пчели ноќни и врели.
Прочитајте и 5 народни гатанки за размрдување на умот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.