Skip to content

Слушај поезија: „Девојчето кое се појавува од никаде, и наеднаш сè, сè застанува“ од Владимир Д. Јанковиќ

На „Слушај поезија и други приказни“ најновото видео со прочитани стихови од Владимир Д. Јанковиќ е веќе објавено. Песната е насловена „Девојчето кое се појавува од никаде, и наеднаш сè, сè застанува“, препев од Татјана Маженковска од српски на македонски јазик. Владимир Д. Јанковиќ е српски поет, есеист, раскажувач и книжевен преведувач, роден на 16 октомври 1968 година во Белград. Автор е на над 800 песни, есеи и кратки раскази објавени во печатените медиуми и на интернет. Има објавено пет збирки поезија („Песни“, „Дрскост“, „Одбрана на Данајците“, „Даг“ и „Света Јелена“) и збирка раскази и есеи („Белград за упатени“).

Слушнете го видеото во продолжение.

Слушнете ја и „Умирање со насмевка“ од Руми.

Напишете коментар