Skip to content

30 факти за животот и делото на Чарлс Буковски

Минатата година се одбележа стогодишнина од раѓањето на Чарлс Буковски, германско-американски поет, романописец и раскажувач. Тој е роден на 16-ти август во 1920 г, а починал на 9-ти март 1994 г. Прочитајте ги фактите за неговиот живот и дело во продолжение.

1. Еден германски весник во делот за култура напишал: „Со години прозата и поезијата на Буковски стануваше помала, како да не сакаше да губи време. Го исфрли сѐ она што го сметаше за непотребно“.

2. На пријателите многу често им пишувал за своето лошо здравје и рекол дека не се плаши од смртта. Две години пред да почине признал дека славата и богатството не трба да се презираат, но дека копнеел за старите времиња кога бил непознат.

3. На прашањето за тајната на неговиот успех, Буковски одговорил: „Тоа беше само напорна работа, од ден во ден и потоа чувство на среќа“.

4. Често го обвинувале дека е тривијален писател, дека пишувал само за сексот и пијанството.

5. Го нарекувале сексист. Неговата слика за жените била прилично традиционална, истовремено го обожавал движењето од шеесет и осмата година.

6. Буковски над сѐ е безвременски бидејќи неговите теми се безвременски и ги погодуваат сите во секое општество.

7. За себе тој еднаш рекол: „Ме претставуваат похрабар и поталентиран отколку што бев. Се преувеличува…човечката раса сѐ преувеличува, своите јунаци, своите непријатели, своето значење“.

8. На прашањето за смислата на живтот, тој во едно интервју одговорил: „Сра*е – следно прашање.“

9. Првпат пробал алкохол на 13 години.

10. Откако татко му го избркал од дома, Буковски патувал низ цела Америка, а најпосле се вратил во Лос Анџелес и долго време живеел од денес до утре. Заглавен во алкохолизмот и работејќи бесмислени работи (возач на камион, работник на бензиска пумпа, чувар, лифтбој итн.). Живеел во евтини хотели и пансиони.

11. Бил оженет четири пати. Имал едно дете т.е. ќерка која се викала Марина.

12. Првиот роман што го напишал се вика Пошта, а е инспириран од годините во кои Буковски навистина работел во пошта. Последниот роман се вика Палп, објавен во 1994 г.

13. Во едно од неговите писма напишал: „Имам еден од два избора – да останам во поштата и да побудалам…или да останам тука и да си играм писател и да гладувам. Одлучив да гладувам”.

14. Повеќето негови дела се базирани на вистински случувања.

15. Првата приказна ја објавил кога имал 24 години.

16. Во 1944 г. бил уапсен поради сомнеж дека се обидел да ја избегне воената обврска. Бил изложен на тест кој покажал дека не е способен да служи војска.

17. Со неполни 35 години, во 1955 г. за влакно ја избегнал смртта, бил хоспитализиран поради крварење на внатрешен чир и малку требало неговата состојба да има посериозни последици.. После тоа почнал да пишува поезија.

18. Објавил повеќе од 60 книги меѓу кои романи, збирки со песни и кратки приказни.

19. Еднаш изјавил дека би можел да се откаже од жените, но не и од машината за пишување.

20. Според неговиот живот и дело снимени се неколку филмови од кои најпознати се „Барфлај“ и „Фактотум“. Интересно е дека Буковски за Холивуд мислел дека е глуп и суров.

21. Обожавал мачки. Пишувал и песни за нив. Постојат бројни фотографии каде е сликан во нивн друштво. Една од мачките којашто ја чувал се викала Буч Ван Гог.

22. Починал на 73 години од леукемија.

23. Погребан е во духот на Будистичка традиција на барање од тогашната сопруга. Причината за ова и понатаму не е позната.

24. На надгробната плоча му пишува: „Не се обидувал“. Тоа е реченица која најчесто можеле да ја слушнат оние кои од него барале совети за пишување. . Според Линда Ли Буковски, овој епитаф значи: „Ако го потрошиш животот обидувајќи се, тогаш она што ќе ти остане е само обидувањето. Затоа не се обидувај, туку прави ги работите”.

25. Буковски речиси за малку не постанал новинар. Бил премногу мрзелив. Кога одел на колеџ во Лос Анџелес за да стане новинар често ги пропуштал предавањата за да ужива надвор во тревникот и убавиот ден. Дури подоцна се пријавил за да работи како новинар, но не го примиле.

26. Во едно интервју од 1974 година, тој вели: „Кога живееш во некој град сиот свој живот го запознаваш буквално секое ќоше, ја имаш рамката на земјата на која што лежи тој град. Имаш целосна слика каде се наоѓаш. Бидејќи сум од Л. А, отсекогаш сум имал географско и емотивно чувство дека тука припаѓам, имав време да го научам овој град. Не можам да се видам себеси на некое друго место“.

27. Буковски умеел да биде многу непријатен тип.

28. Го презирал “Мики Маус“. Сопругата Линда објаснила дека прочуениот писател ја мразел помислата на некаков измислен јунак каков што бил дизниевиот Мики Маус. Мислел дека цела фантазија е исклучително апсурдна, премалку креативна.

29. ФБИ чува досие за него како резултат на неговата колумна: „Белешки за валканиот стар човек“, во лондонскиот весник Open City

30. Во 1986 година магазинот Тајм го нарекол на Буковски „лауреат на американскиот низок живот.

Прочитајте ги и фактите за животот на Џејн Остин.

Напишете коментар