Драги наши читатели и слушатели, со оваа осма епизода ја заокружуваме првата сезона од емисијата Кулитерација. Во осмото поглавје направивме една ретроспектива за она што го обработувавме во претходните епизоди, се потсетивме на сите претходни поглавја, односно дадовме краток опис што вие имавте прилика да слушнете и накрато кажавме наш заклучок од целото искуство.
Во вториот дел на големо задоволство имавме можност да си поразговараме со младата и талентирана писателка Јована Јаневска со која навистина има за што да се зборува. Откако ја прашавме повеќе работи што ние сакавме да ги знаеме, но и за кои сметавме дека и другите треба да слушнат, на крајот од разговорот таа кажа дека ќе додели 5 копии од нејзината најнова книга неодамна излезена од печат „Записи“ на 5 среќни добитници. Дарувањето во вид на наградна игра го спроведовме на нашиот инстаграм профил @krajbrezje која траеше до 2.7 и веќе се дознати најсреќните.
Во третиот дел, одевме со стандард рубриката „Вести од литературата кај нас и во светот“, при што ги прочитавме информациите што сметавме дека се најважни. Се одјавивме, и ветивме дека ќе се слушаме повторно во втора сезона, после летните одмори. Дотогаш, слушајте ги сите претхдони епизоди (поглавја), следете нѐ на социјалните мрежи и бидете во тек со нашите активности. Ветуваме квалитетно поминато време, каде и да одлучите да читате. Нема да ве разочараме.
На следниот плеер можете директно да ја ислушате осмата епизода:
Линкови до претходните поглавја:
Епизода 7
Епизода 6
Епизода 5
Епизода 4
Епизода 3
Епизода 2 и 1
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.